ЌЕ СЕ ФОРМИРААТ КОВИД-ЦЕНТРИ ВО 16 ОПШТИНИ КАКО ПОДГОТОВКА ЗА ЕСЕНСКИОТ БРАН НА КОРОНАВИРУСОТ

    ЌЕ СЕ ФОРМИРААТ КОВИД-ЦЕНТРИ ВО 16 ОПШТИНИ КАКО ПОДГОТОВКА ЗА ЕСЕНСКИОТ БРАН НА КОРОНАВИРУСОТСпоред најавите од Министерството за здравство, наскоро ќе се активира модуларната болница до Инфективната клиника која располага со капацитет од 72 болнички кревети. (Фото: К. Попов)

    Во 16 општини во земјава ќе се формираат регионални ковид-центри во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, откако градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за нивно формирање, соопшти Министерството.

    „Овие активности се одвиваат во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот, а целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на ковид 19, без при тоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти“, велат од министерството.

    Ова било договорено во петокот на состанокот на министерот за здравство Венко Филипче со градоначалниците на општините Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп.

    Станува број за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид-центри.

    За утре е најавен состанок на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести со директорите на болниците во овие градови, во однос на здравствените капацитети и техничките потреби.

    Филипче минатата недела се сретна со синдикатот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ која е главен ковид-центар во државата и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски. Вработените бараат ковид пациентите да останат само на првиот кат каде има централен довод на кислород и инфективното одделение, а другиот дел од болницата да се ослободи и да продолжи да функционира за останатите пациенти.

    Филипче ги известил вработените на болницата дека во наредните десетина дена ќе почнат подготовките за ослободување на капацитетите на болницата  со активирање на модуларната болница до Инфективната клиника која располага со капацитет од 72 болнички кревети.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира