ДИК ВЕДНАШ ДА ИЗЛЕЗАТ ДА ГИ СООПШТАТ РЕЗУЛТАТИТЕ, ИМАМЕ ПРЕДНОСТ ОД 3 МАНДАТИ, ВЕЛАТ ОД СДСМ

    ДИК ВЕДНАШ ДА ИЗЛЕЗАТ ДА ГИ СООПШТАТ РЕЗУЛТАТИТЕ, ИМАМЕ ПРЕДНОСТ ОД 3 МАНДАТИ, ВЕЛАТ ОД СДСМГи повикуваме претставниците на ДИК веднаш да излезат и да ги презентираат пропустите во јавност, да преземат итни дејтвија за корекција на грешките и во најбрзо можно време на граѓните да им ги презентираат точните резултати“, се вели во писменото соопштение на СДСМ-Лидерот на СДСМ Заев синоќа прогласи победа со три пратеници повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: Ѓ.Личовски)

    СДСМ побара Државната изборна комисија веднаш да ги објави резултатите од вчерашните парламентарни избори, тврдејќи дека се прикажуваат грешни податоци и се направени сериозни грешки при пресметката на мандатите. Од владејачката партија велат дека имаат освоено три пратенции повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата ‘Можеме‘ изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат. Ги повикуваме претставниците на ДИК веднаш да излезат и да ги презентираат пропустите во јавност, да преземат итни дејтвија за корекција на грешките и во најбрзо можно време на граѓните да им ги презентираат точните резултати“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

    Сајтот на ДИК сѐ уште не работи. Утрово на моменти се појавуваа резултатите, но за кратко повторно се губеше. Со тоа сѐ уште нема податоци и информации која партија колку пратеници освоила. Никој од Државната изборна комисија не се јавува на нашите телофонски повици, ниту пак е закажана прес-конференција.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира