ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОКСФОРД СЕ ПОКАЖА БЕЗБЕДНА И ПОТТИКНУВА СОЗДАВАЊЕ АНТИТЕЛА

    ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОКСФОРД СЕ ПОКАЖА БЕЗБЕДНА И ПОТТИКНУВА СОЗДАВАЊЕ АНТИТЕЛАИстражувачите велат дека ќе бидат потребни дополнителни поголеми испитувања (Фото: АП)

    Вакцината против ковид-19 што ја развива Универзитетот Оксфорд се покажа безбедна и го тренира имунолошкиот систем.

    Тестирањата во кои што учествувале 1.077 луѓе покажале дека вакцината поттикнува создавање на антителата и на белите крвни зрнца кои се борат против коронавирусот. Овие откритија даваат голема надеж, велат истражувачите, но засега е прерано да се знае дали вакцината обезбедува доволна заштита, за што ќе бидат потребни нови, поголеми испитувања.

    Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози од вакцината. Британската фармацевтска компанија „АстроЗенека“ претходно потпиша договор со Италија, Германија, Франција и Холандија за снабдување на Европа со 400 милиони дози од оваа вакцина, најавувајќи дека првите испораки се очекуваат на крајот на годината.

    Вакцината била развиена релативно брзо, при што бил користен генетски модифициран вирус што предизвикува обична настинка кај шимпанзата.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира