СУСПЕНДИРАН СОВЕТНИКОТ НА ЧУЛЕВ КОЈ ПЦУЕШЕ НАЧАЛНИК ВО СВР ТЕТОВО НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ И ПРИЈАВЕН ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ЗА НАСИЛСТВО

    СУСПЕНДИРАН СОВЕТНИКОТ НА ЧУЛЕВ КОЈ ПЦУЕШЕ НАЧАЛНИК ВО СВР ТЕТОВО НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ И ПРИЈАВЕН ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ЗА НАСИЛСТВОПротив државниот советник поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. Тој ќе биде суспендиран од работното место, до завршување на дисциплинската постапка против него. - Момент од инцидентот во Тетово на денот на изборите на 15 јули (Фото: принтскрин/Твитер)

    Против советникот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на денот на изборите беше снимен како неколку минути му се заканува, го пцуе и го навредува колегата, началник во СВР Тетово, МВР поднело кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал и корупција. Таму се наоѓа одделот за гонење на сторители на кривични дела со полициско овластување.

    „Во врска со несоодветно и насилничко однесување на припадникот на МВР, Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ги заврши потребните проверки за настанот во Тетово кој се случи на 15.07.2020 година. Внатрешната кoнтрола констатира дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство по член 386 став 1 и малтретирање при вршење служба по член 143 од КЗ. Поради тоа, до ОЈО ГОКК – Одделението за гонење на сторите на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесена е кривична пријава против него”, вели Славјанка Петровска, заменската министерка во МВР.

    Против државниот советник поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. Тој ќе биде суспендиран од работното место, до завршување на дисциплинската постапка против него.

    Се работи за советникот во МВР Зоран Ѓорѓиевски, викан Чикташ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира