ДЕНЕС И 16-ГОДИШНИК ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ВО БИТОЛА, ПО ДВАЈЦАТА 18-ГОДИШНИЦИ ВЧЕРА

    ДЕНЕС И 16-ГОДИШНИК ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ВО БИТОЛА, ПО ДВАЈЦАТА 18-ГОДИШНИЦИ ВЧЕРАОд новорегистрираните 6 денеска, две лица се поврзуваат со веќе постоечки фамилијарни кластери, а 4 лица не даваат податок за контакт со позитивно регистрирано лице; - Центарот за јавно здравје во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Меѓу новите шестмина заболени битолчани денес има и тинејџер на 16 години, а вчера имаше двајца позитивни 18-годишници. Од Центарот за јавно здравје соопштија дека шестте лица позитивни  на коронавирус од Битола заведени во здравствениот билтен денес се на возраст од 16, 31, 65, 70, 71 и 73 години.
    Од новорегистрираните, две лица се поврзуваат со веќе постоечки фамилијарни кластери, а 4 лица не даваат податок за контакт со позитивно регистрирано лице. Од контактите на новорегистрираните лица, за 21 лице е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација. Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 64.

    На територијата што ја покрива Центарот за јавно здравје од Битола, друга општина со поголем број на активни случаи е Кичево. Таму денес има регистрирано пет позитивни лица на ковид-19. Меѓу нив и лице на 19 години, другите заразени се на 41, две по 42 и 63 години. Само едно лице од новозаболените дава податок за контакт со друго регистрирано позитивно лице. Од контактите на новорегистрираните лица, за 6 лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација. Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 82. Денес се регистрирани три оздравени лица и еден смртен случај кај лице на возраст од 72 години кое беше хоспитализирано во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.

    Во Демир Хисар денес е регистрирано едно позитивно лице на возраст од 39 години, кое исто така не дава податок за контакт со друг заболен. Во Ресен денес нема нов регистриран случај, а има четворица 4 оздравени.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира