БОСАНСКИ МИНИСТЕР ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    БОСАНСКИ МИНИСТЕР ПОЧИНА ОД КОВИД-19Салко Букваревиќ бил примен во болница во Сараево минатата недела (Фото: Н1)

    Министер во федералната влада на Босна и Херцеговина почина од последиците на коронавирусот на 53 години.

    Салко Букваревиќ, кој беше министер за воени ветерани од 2015 година, бил примен во болница во Сараево минатата недела со пневмонија и проблеми со дишењето. Откако неколку дена бил на респиратор, неговата состојба била стабилна во изминатите 24 часа, по што повторно нагло се влошила.

    И премиерот Фадил Новалиќ е хоспитализиран со ковид-19.

    Во БиХ досега има 10.700 заразени и 297 починати од ковид-19. Речиси 80% од сите случаи се регистрирани после мај, откако по два месеца беа укинати строгите рестриктивни мерки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира