Денеска се регистрирани 119 нови случаи на ковид-19 од направени 1.325 тестирања. Во последните 24 часа починале 4 лица.
Денес има помалку тестови и помалку откриени нови заболени. Вчера со преку 1.971 тестирања, беа откриени и повеќе болни, односно 188 нови лица со коронавирус.
Со денешната статистика, вкупната бројка на дијагностицирани е 10.617. Последното деноноќие оздравеле 89 пациенти.
Од новозаразените од Скопје се 35-мина, од Куманово-15, Штип-17, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-3, Велес-3, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Кочани-1, Демир Хисар-5, Берово-1, Свети Николе-1, Кичево-8, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-10, Штип-12, Тетово-26, Струга-1, Велес-1, Битола-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-1, Св.Николе-2, Кичево-3, Ресен-4.
Од починатите, тројца пациенти се од Скопје (на 65, 66 и на 73 години) и пациент од Гостивар (72 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Република Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 10.617, а бројката на оздравени пациенти е 6. 020
Досега од компликации поради коронавирусот починале вкупно 480 луѓе.
Во моментов, бројот на активни случаи во државава изнесува 4.117 заразени.
Во моментов ситуацијата по градови е следна:
• Скопје 4.779, активни 1.814
• Куманово 1.038, активни 296
• Дебар 193, активни 123
• Штип 809, активни 441
• Прилеп 330, активни 57
• Тетово 1.027, активни 228
• Струга 440, активни 190
• Велес 216, активни 18
• Битола 135, активни 70
• Охрид 272, активни 87
• Кавадарци 55, активни 38
• Гостивар 424, активни 258
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 23
• Крива Паланка 24, активни 10
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 98, активни 25
• Пробиштип 50, активни 26
• Демир Хисар 31, активни 27
• Македонски Брод 19, активни 15
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 2
• Валандово 6, активни 0
• Виница 8, активни 4
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 7
• Свети Николе 221, активни 179
• Кичево 142, активни 94
• Ресен 145, активни 33
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно е хоспитализиран 81 пациент. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и две деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани вкупно 118 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 256
• Аеродром – 191
• Бутел – 127
• Гази Баба – 177
• Центар – 152
• Карпош – 164
• Сарај – 103
• Кисела Вода – 175
• Ѓорче Петров – 122
• Студеничани – 82
• Шуто Оризари – 130
• Арачиново – 36
• Илинден – 26
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 24
• Зелениково- 7
• Странец – 7
• Нераспределен- 4