34-ГОДИШНА ЖЕНА МЕЃУ ШЕСТЕ НОВИ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, РЕГИСТРИРАНИ УШТЕ 139 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.377 ТЕСТИРАЊА

    34-ГОДИШНА ЖЕНА МЕЃУ ШЕСТЕ НОВИ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, РЕГИСТРИРАНИ УШТЕ 139 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.377 ТЕСТИРАЊАНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, a во „8 Септември“ примени се 15; - Возило на Брза помош низ Скопје. (Фото: К. Попов)

    Починати се 6 лица во последното деноноќие, регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19, a оздравени се 534 лица, соопшти Министерството за здравство. Меѓу починатите е и 34-годишна пациентка од Скопје со претходна дијагноза хидроцефалус. Другите четворица починати од Скопје се на 66, 67, 67 и 86 годишна возраст и еден пациент од Кочани (76).

    Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички. Починатите пациенти се од болниците „8 Септември“, Општа болница Штип и приватната болница на Жан Митрев.

    Новите 139 случаи се регистрирани за позитивни од 1.377 тестирања во: Скопје-36, Куманово-11, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-8, Велес-4, Битола-2, Кавадарци-5, Гостивар-16, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-15, Ресен-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 1 дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од: Скопје-353, Куманово-61, Дебар-17, Штип-27, Прилеп-5, Тетово-17, Струга-4, Велес-4, Охрид-3, Гостивар-14, Струмица-4, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-8, Свети Николе-5, Кичево-7, Ресен-2. Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 10.754, оздравени се 6.554, починаа 486, а активни се 3.714. Од вчерашните 2 теста се контролни и се евидентираат денес.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 4.811, активни 1.488
    • Куманово 1.049, активни 246
    • Дебар 195, активни 108
    • Штип 820, активни 425
    • Прилеп 331, активни 53
    • Тетово 1042, активни 226
    • Струга 449, активни 195
    • Велес 220, активни 18
    • Битола 137, активни 72
    • Охрид 272, активни 84
    • Кавадарци 60, активни 43
    • Гостивар 440, активни 260
    • Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
    • Струмица 36, активни 20
    • Крива Паланка 24, активни 10
    • Радовиш 29, активни 23
    • Крушево 16, активни 9
    • Кочани 99, активни 23
    • Пробиштип 52, активни 20
    • Демир Хисар 31, активни 27
    • Македонски Брод 20, активни 16
    • Пехчево 6, активни 0
    • Берово 5, активни 2
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 14, активни 10
    • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 13, активни 7
    • Свети Николе 222, активни 175
    • Кичево 157, активни 102
    • Ресен 146, активни 32
    • Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.377 теста се преку: ИЈЗ-516, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-156, Биотек-116, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-185, Систина со ПЦР метода -192, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-27, ГАК-8. Досега во земјата се направени вкупно 10.2317 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 171
    • Аеродром – 171
    • Бутел – 97
    • Гази Баба – 145
    • Центар – 130
    • Карпош – 136
    • Сарај – 78
    • Кисела Вода – 157
    • Ѓорче Петров – 107
    • Студеничани – 64
    • Шуто Оризари – 117
    • Арачиново – 26
    • Илинден – 23
    • Петровец – 18
    • Чучер Сандево – 9
    • Сопиште – 23
    • Зелениково- 7
    • Странец – 4
    • Нераспределен- 5

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира