Организаторите одлучија да го одложат 41. издание на Илинденскиот пливачки маратон, кој се одржува во Охридското Езеро.
„Поради зголемениот број туристи во Охрид и специфичните состојби со почитување на протоколите и мерките на заштита од коронавирусот, 41. издание на Илинденскиот мал пливачки маратон е одложено и нема да се одржи на 2 август, како што претходно беше најавено. Годинашниот маратон ќе се одржи во некој од наредните викенди во август, а точниот термин ќе биде дополнително соопштен”, рекоа организаторите.
Организатор на овој традиционален спортски настан е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровители се градоначалникот и Општина Охрид.
Д. ЧУБРИЌ