ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА СТАВИ ВО УПОТРЕБА НОВ РЕСПИРАТОР

    ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА СТАВИ ВО УПОТРЕБА НОВ РЕСПИРАТОРДиректорот на болницата Ален Георгиев и раководителката на Одделението за анестезија и реанимација Радмила Зенделова го промовираа новиот респираторен апарат во Клиничката болница во Штип. (Фото: СДК.МК)

    Клиничката болница во Штип го стави во употреба новиот респиратор, кој ќе биде во Одделението за анестезиологија, а ќе наменува за сите пациенти кои ќе имаат потреба за него.

    „Апаратот ќе го користат пациенти во сообраќајки и други несреќи, но и за пациенти од други одделенија како Гинекологија, Траумотологија, кои ќе имаат таква респираторна подршка. Тоа значи дека ако се укаже потреба, новата апарартура ќе биде примената и за пациентите со ковид-19“, вели раководителката на Одделението за анестезија и реанимација Радмила Зенделова.

    Директорот на Клиничката болница д-р Ален Георгиев вели дека ваква современа компјутерска машина во Македонија има само на Клиниката за кардиологија во Скопје, а ќе биде од корист за граѓаните во цела Источна Македонија.

    „Новата опрема е само дел од набавката на современа апаратура со сопствени средства. Новиот софистициран компјутерски респиратор чини 30 илјади евра и не е последно од програмата за осовременување на Болницата во Штип“, вели д-р Георгиев.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира