На свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, што е во тек, водителката од отворањето се качи на сцена и се собу боса. По ова, обезбедувањето ја отстрани од сцената. Организаторите не кажаа дали ова беше планирано или се случи ненадејно.
По настанот, вечерашната водителка рече: „Ни се случуваа во изминатите денови многу интересни настани па и скандали, секако да ни биде интересно“.
Девојката која ја отстранија од сцена беше босата водителка од отворањето на фестивалот, а требаше да биде учесник и во перформансот на Мартин Кочовски за затварањето, чија изведба беше откажана. Кочовски го обвини фестивалот дека го цензурирале, а фестивалот изјави дека перформансот е откажан од технички причини бидејќи на сцената требало да се истури смет од овошје кое не ќе можело брзо да се исчисти за да продолжи церемонијата на доделувањето на наградите.