Со 109 новозаболени од ковид-19 од 762 теста во последниве 24 часа, вкупно ковид дијагностицирани во земјава почетокот на епидемијата се 11.942, од кои активни се 3.327. Во последниве 24 часа во болнички услови почина 70-годишна скопјанка, со што вкупно починаа 528 лица по компликации од коронавирус.
Според денешната статистика од Институтот за јавно здравје, новите 109 се регистрирани во Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5. Досега оздравени се 8.087.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Денес се евидентираат 6 контролни теста и корекција за еден оздравен. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.166, активни 1.177
• Куманово 1.163, активни 263
• Дебар 219, активни 128
• Штип 965, активни 319
• Прилеп 346, активни 42
• Тетово 1092, активни 171
• Струга 479, активни 160
• Велес 238, активни 27
• Битола 167, активни 74
• Охрид 300, активни 77
• Кавадарци 125, активни 103
• Гостивар 571, активни 306
• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 26, активни 12
• Радовиш 35, активни 11
• Крушево 16, активни 5
• Кочани 112, активни 23
• Пробиштип 63, активни 18
• Демир Хисар 43, активни 29
• Македонски Брод 53, активни 41
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 33, активни 29
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 244, активни 116
• Кичево 202, активни 121
• Ресен 146, активни 12
• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 762 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со ПЦР метода -128, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-46, Инфективна клиника-7, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 115.590 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.