ПО 100 ДЕНА БЕЗ КОРОНАВИРУС, НОВ ЗЕЛАНД РЕГИСТРИРАШЕ 4 НОВИ СЛУЧАИ

    ПО 100 ДЕНА БЕЗ КОРОНАВИРУС, НОВ ЗЕЛАНД РЕГИСТРИРАШЕ 4 НОВИ СЛУЧАИНа жителите на Оукленд им е укажано да останат дома од утре, а училиштата ќе бидат затворени три дена. - Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн (Фото: ДПА)

    Нов Зеланд соопшти денеска дека се регистрирани четири нови случаи на коронавирус во земјата, откако поминаа над 100 дена без локална трансмисија. На набрзина свикана прес-конференција премиерката Џасинда Ардерн кажа дека случаите се од една фамилија во Оукленд, но дека се зафатени неколку фирми.

    Во овој момент, властите не знаат како се заразиле лицата.

    „Иако работевме напорно да спречиме вакво сценарио, исто така планиравме и се подготвувавме за вакво нешто“, изјави Ардерн.

    На жителите на Оукленд им е укажано да останат дома од утре, а училиштата ќе бидат затворени три дена.

    „Неминовно беше дека Нов Зеланд ќе има нови случаи на локална трансмисија. Ова е незгоден вирус“, рече Ешли Блумфилд, генерален директор за здравство на Нов Зеланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира