ЛУКАШЕНКО ПОБАРА ПОМОШ ОД ПУТИН СМЕТАЈЌИ ДЕКА ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛОРУСИЈА МОЖЕ ДА ИМААТ ПОШИРОКИ ПОСЛЕДИЦИ

    ЛУКАШЕНКО ПОБАРА ПОМОШ ОД ПУТИН СМЕТАЈЌИ ДЕКА ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛОРУСИЈА МОЖЕ ДА ИМААТ ПОШИРОКИ ПОСЛЕДИЦИЖителите на Минск денеска му оддаваа почит на Александар Тарајковски на местото каде што беше убиен во понеделникот (Фото: Ројтерс)

    Илјадници луѓе се собраа во Минск за погребот на демонстрантот кој почина на неодамнешните протести против спорните претседателски избори, додека лидерите на Белорусија и Русија, Александар Лукашенко и Владимир Путин, во телефонски разговор изразија убедување дека проблемите наскоро ќе бидат решени.

    Приврзаниците на опозицијата денеска во Минск положуваа цвеќе и палеа свеќи покрај метро станицата каде што во понеделникот загина Александар Тарајковски, додека голем број од присутните го повикуваа Лукашенко на оставка. Тој се соочува со најголемиот предизвик во своето 26-годишно владеење, откако беше обвинет за местење на изборите на 9 август, на кои што, според државната изборна комисија, освоил над 80% од гласовите.

    „Овие проблеми не смеат да бидат искористени од уништувачките сили кои сакаат да ѝ наштетат на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на државна унија“, соопшти Кремљ.

    Лукашенко побарал разговор со Путин, сметајќи дека протестите би можеле да имаат последици и надвор од границите на Белорусија.

    „Агресијата против Белорусија се развива. Ова не е закана само по Белорусија“, кажал Лукашенко.

    Речиси 7.000 луѓе биле уапсени на протестите и дел од нив тврдат дека биле брутално тепани од полицијата. Во центарот на Минск утре треба да се одржи „Марш за слобода“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира