АНТИБЕБИ ПИЛУЛАТА ЈА ОСЛОБОДИ СЕКСУАЛНОСТА И ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТНИОТ СТИЛ КОГА СЕ ПОЈАВИ ПРЕД 60 ГОДИНИ

    АНТИБЕБИ ПИЛУЛАТА ЈА ОСЛОБОДИ СЕКСУАЛНОСТА И ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТНИОТ СТИЛ КОГА СЕ ПОЈАВИ ПРЕД 60 ГОДИНИАнтибеби пилулите, заедно со кондомите, остануваат едно од најважните контрацепциски средства на светот (Фото: ДПА)

    Толку мала, а со така големо дејство и влијание, антибеби пилулата беше прва форма на хормонална контрацепција кога се појави на американскиот пазар на 18 август 1960 година. Следната година таа веќе можеше да се набави во Западна, а набргу потоа и во Источна Германија.

    Во почетокот, таа се продаваше како пилула за менструални тегоби и им се препишуваше само на мажени жени, а дека штити од несакана бременост, на упатството беше едвај видливо, отпечатено со ситни букви.

    Но, нејзината далеку поширока улога беше што ја ослободи сексуалноста, ги одвои сексуалните односи од репродукцијата и на жените им даде поголемо право на самоопределување, поголема моќ да носат одлуки за своето тело.

    „Во тоа време жената не можела да абортира. Кога се појави антибеби пилулата, тоа ги ослободи жените од ограничувањата. Таа беше чудесно средство“, вели германската активистка Алис Шварцер.

    Католичката црква и дел од лекарите ја осудувале и забранувале употребата на пилулата, при што папата Павле Петти кажа дека таа го поттикнува вонбрачниот секс, но сексуалната револуција веќе беше на повидок, разнишувајќи ги цврстите традиционални убедувања.

    Иако денес значително помалку се користат, антибеби пилулите, заедно со кондомите, остануваат едно од најважните контрацепциски средства. Според Обединетите нации, тие се четвртиот најупотребуван метод на контрацепција на светско ниво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира