ГРУБИ ВИЦЕПРЕМИЕР, ОСМАНИ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ, БЕСИМИ ЗА ФИНАНСИИ, ГИ ОБЈАВИ АХМЕТИ КАНДИДАТИТЕ НА ДУИ ЗА МИНИСТРИ

    ГРУБИ ВИЦЕПРЕМИЕР, ОСМАНИ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ, БЕСИМИ ЗА ФИНАНСИИ, ГИ ОБЈАВИ АХМЕТИ КАНДИДАТИТЕ НА ДУИ ЗА МИНИСТРИАртан Груби ДУИ го кандидира за како прв вицепремиер и министер за политички систем во коалиционата влада на СДСМ; - Груби со лидерот на ДУИ Али Ахмети на вчерашната лидерска средба со Зоран Заев. (Фото. К. Попов)

    Утре ќе го избереме Претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели, Артан Груби, како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи министер за надворешна работи, Крешник Бектеши министер за економија, Насер Нуредини за животната средина, додека за министер за информативно општество ќе треба да се направат уште дополнителни консултации, ги објави идерот на ДУИ Али Ахмети имињата на идните министри во коалиционата влада на СДСМ, по седницата на  Централното претседателство на партијата на која се утврдија министрите од кои ќе бидат дел од новата Влада.

    „Пред еден месец ве повикав да се осмелиме, да сонуваме, денес, еден месец подоцна, ви кажувам дека сонот и повеќе од сонот е остварено. Овој договор за ковладеење е историски за нашата земја и за Албанците. Ова владеење е владеење на рамноправноста“, рече  Ахмети.

    Тој исто така рече дека во оваа Влада Албанците ќе го имаат ветениот прв премиер Албанец, како знак за преземање на одговорноста и рамноправноста во државата и дека коалициски договор со СДСМ ќе им овозможи на Албанците рамноправна поделба на одговорностите во сите области и Влада на еднакви партнери, со консензуално одлучување.

    Во одговор на новинарски прашања дали има незадоволство во партијата од изборот на личности за министри, посебно кај чаирското и кумановското крило, Ахмети рече дека историски гледано кај сите партии, кога станувало збор за именувања или разрешувања, никогаш немало едногласност, но мнозинството на Централниот одбор на партијата ги прифатило предложените кандидати.

    Што се однесува до Насер Зибери и дали тој може во иднина да биде премиер, Амети рече дека Зибери работи како нотар и ќе продолжи со неговата дејност до тој момент додека не се постигне договор за некаква негова функција.

    Што се однесува до начинот на донесување на одлуките помеѓу премиерот и првиот вицепремиер, Ахмети рече: „Едно од начелата на демократијата е консензуалната демократија, така што и во минатото и сега и во иднина не треба да има отстапки од ова начело. Имаме одлуки со консензус, имаме буџет со консензус и таму каде нема консензус нема функционалност. На прво место за нас е консензуалната демократија и одлуките да се носат со консензус“.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира