Случаи на коронавирус се регистрирани во најмалку 41 училиште во Берлин откако тие повторно беа отворени пред речиси две недели. Стотици ученици и професори се ставени во карантин, додека на Берлин му се случува она што веќе е видено во САД и Израел, каде што исто така се појавија кластери во училишта. Според германските медиуми, погодени се сите возрасни групи, и основни и средни училишта.
Берлин е едно од првите места во Германија кое ги отвори училиштата по летниот распуст. Децата се обврзани да носат маска во ходниците, на одморот и кога влегуваат во училницата, но смеат да ја симнат кога ќе почнат предавањата.
Во изминатите 24 часа, во Германија се потврдени 2.034 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од крајот на април. Во земјата досега починале 9.267 луѓе од ковид-19.