ПАЦИФИЧКАТА ДРЖАВА ВАНУАТУ ГО ПРЕПОЛНИ СВОЈОТ БУЏЕТ ОД ПРОДАЖБА НА ПАСОШИ

    ПАЦИФИЧКАТА ДРЖАВА ВАНУАТУ ГО ПРЕПОЛНИ СВОЈОТ БУЏЕТ ОД ПРОДАЖБА НА ПАСОШИДржавјанството на Вануату чини 130.000 долари

    Зголемената побарувачка по пасошот на Вануату неочекувано го преполни буџетот на оваа пацифичка држава, што ѝ овозможи да ги финансира пакетите за заздравување од ковид-19 и од циклонот Херолд.

    Во услови кога пандемијата и циклонот ги погодија речиси сите сектори на и онака кревката економија, Вануату успеа да оствари буџетски суфицит од 33,3 милиони долари во првата половина на годината, што речиси во целост се должи на контроверзната програма на продажба на пасоши. До крајот на јуни, владата по овој основ успеала да собере 62,6 милиони долари, што е речиси 80% од очекуваниот годишен приход од оваа програма. До средина на август, оваа сума пораснала на 84,6 милиони.

    Државјанството на Вануату чини 130.000 долари, од кои 80.000 одат директно за владата. Официјалните податоци кажуваат дека од почетокот на годината, најмалку 650 луѓе примиле пасош на Вануату. Тој е доста баран бидејќи со него не е потребна виза за влез во Европска Унија, Велика Британија, Русија и Хонгконг. Сепак, многу малку од новите државјани навистина се населиле во Вануату.

    Од почнувањето на програмата во 2016 година, Вануату насобрал големи резерви на кеш, што му овозможило да отплати добар дел од домашните и странските долгови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира