БЕРЛИНАЛЕ ЌЕ ДОДЕЛУВА РОДОВО НЕУТРАЛНИ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРА ГЛУМА

    БЕРЛИНАЛЕ ЌЕ ДОДЕЛУВА РОДОВО НЕУТРАЛНИ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРА ГЛУМАЈубилејното 70. издание на Берлинале се одржа годинава во февруари, а се планира во 2021 да се одржи со физичко присуство, а не онлајн. (Фото: АП)

    Берлинскиот филмски фестивал објавија дека од следната година ќе престане со одделување на наградите за најдобар актер и актерка. Берлинале најави дека наградите за најдобри актери ќе бидат родово неутрални за следното издание на фестивалот, кое се планира да се одржи во стандардното издание со физичко присуство, а не онлајн.

    Фестивалот ја доделува наградата Златна мечка за најдобар филм и повеќе Сребрени мечки, меѓу кои Сребрена мечка за актер и за актерка. Тие две ќе бидат заменети со Сребрена мечка за најдобра главна улога и Сребрена мечка за најдобра споредна улога.

    Кодиректорите на Фестивалот Мариет Рисенбик и Карло Катријан изјавија дека „неодделувањето на наградите за глума според род, испраќа сигнал за поголема родова освестеност во филмската индустрија“.

    Берлинскиот филмски фестивал суспендираше една од своите главни награди, откако се дозна дека неговиот основач и прв директор Алфред Бауер бил високо рангиран нацист кој бил активно вклучен во пропагандната организација на Јозеф Гебелс, а последната одлука е засекогаш да се исклучи наградата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира