ФРАНЦУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ГО БРАНЕШЕ ПРАВОТО НА СОНЧАЊЕ ТОПЛЕС ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ОПОМЕНАЛА ТРИ ЖЕНИ НА ПЛАЖА

    ФРАНЦУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ГО БРАНЕШЕ ПРАВОТО НА СОНЧАЊЕ ТОПЛЕС ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ОПОМЕНАЛА ТРИ ЖЕНИ НА ПЛАЖАПолицајците реагирале откако едно семејство со деца се пожалило на разголените жени (Фото: Алами)

    Францускиот министер за внатрешни работи го бранеше „скапоценото“ право на сончање топлес откако полицијата побарала од група жени на плажа на Средоземно Море да си ги покријат градите. Трите жени биле опоменати од полицајците на плажа во Сент-Мари-Ла-Мер откако на нив се пожалило едно семејство со деца.

    „Слободата е скапоцена вредност. Беше погрешно да се побара од жените да се облечат и нормално е официјални лица да признаат кога грешат“, напиша министерот Жералд Дарманан на Твитер.

    Од полицијата кажаа дека тие само сакале да ја смират ситуацијата, инсистирајќи дека нема официјална забрана за сончање топлес во градот. Сепак, нивната акција предизвика лавина од критики на социјалните мрежи.

    Една анкета од минатата година покажа дека само 22% Французинки сакаат да се сончаат топлес, во споредба со 48% Шпанки и 34% Германки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира