Телекомуникациската компанија „А1 Македонија“ одбележува една година присуство на брендот „А1“ на македонскиот пазар и по тој повод, на своите корисници им подарува 10 гигабајти мобилен интернет, достапни за користење преку „Мојот А1“ апликацијата.
За првиот роденден, „А1 Македонија“ ги лансира новите Combo тарифни модели, со нови мобилни тарифи и уште повеќе поволности. Со спојувањето на фиксните услуги, како интернет и телевизија, со мобилната телефонија во еден Combo пакет, корисниците добиваат уште поголеми придобивки, како значителна заштеда и дополнителен буџет за набавка на нов уред.
„Една година од своето постоење, ‘А1‘ брендот живее буквално насекаде каде што се нашите корисници. Работиме посветено на реализацијата на визијата да бидеме лидер на телекомуникацискиот пазар. Ова беше поинаква година за сите нас, исполнета со многу предизвици, но успеавме да се адаптираме, да одговоривме брзо и да бидеме поддршка во обезбедувањето витална услуга за нашите корисници“, изјави Методија Мирчев, извршниот директор на „А1 Македонија“.
Со новите А1 Combo тарифи, корисниците имаат можност сами да го креираат својот пакет. Можат да изберат ТВ-канали и интернет по нивна мерка со намалена претплата и да добијат дополнителен попуст за избор на телефони и телевизори.
„А1 Македонија“ го зголемува вклучениот интернет во сите NEO тарифни модели и ја лансира најдобрата понуда на пазарот преку новата мобилна тарифа А1 Neo M+, со вклучени 30 гигабајти мобилен интернет. Уште еден новитет е „опција за размена“, преку која корисниците на мобилни услуги добиваат можност не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење, туку неискористените гигабајти од својот A1 Net Sef да ги заменат за други услуги по нивни избор, како интернет во странство и меѓународни разговори.