ПАРИЖАНИТЕ ОД УТРЕ СЕКАДЕ ЌЕ МОРА ДА НОСАТ МАСКА

    ПАРИЖАНИТЕ ОД УТРЕ СЕКАДЕ ЌЕ МОРА ДА НОСАТ МАСКАМерката се однесува на сите пешаци, велосипедисти и мотоциклисти во главниот град и во предградијата (Фото: АП)

    Заштитните маски ќе бидат задолжителни за сите во Париз од утре, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

    Мерката се однесува на сите пешаци, велосипедисти и мотоциклисти во главниот град и во предградијата, што ќе опфати речиси седум милиони луѓе. Возачите нема да треба да носат маска во своите автомобили.

    Нарушувањето на здравствената ситуација нѐ натера да воведеме ваква строга мерка во интерес на населението. Вирусот се шири низ целата земја. Ако Франција не реагира брзо, тоа ќе стане експоненцијално“, изјави новиот француски премиер Жан Кастекс.

    Репродукцискиот број на заразата во земјата порасна на 1,4, што значи дека сега 10 луѓе го пренесуваат вирусот на 14.

    Франција воведе задолжително носење маска во затворени јавни простори на 21 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира