ЈАПОНСКИОТ ПРЕМИЕР АБЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ БОЛЕСТ

    ЈАПОНСКИОТ ПРЕМИЕР АБЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ БОЛЕСТАбе оваа недела двапати беше снимен како посетува болница (Фото: АП)

    Јапонскиот премиер Шинзо Абе поднесе оставка, изјавувајќи дека не сака неговите здравствени проблеми да бидат пречка за работата на владата.

    Шеесет и петгодишниот Абе повеќе години страда од улцеративен коалитис, воспалително заболување на цревата и кажа дека состојбата му се влошила во изминатиот период. Тој беше на функцијата од 2012 година, што го прави јапонски премиер со најдолг стаж во историјата.

    Абе, кој оваа недела двапати беше снимен како посетува болница, вели дека здравствените проблеми му се вратиле во јули. Тој почна да прима нов третман за состојбата, што, како што кажа, не би му дозволило време за нормално извршување на премиерските обврски.

    „Затоа донесов одлука да не продолжам со мојата работа како премиер. Сакам искрено да му се извинам на јапонскиот народ што ја оставам функцијата една година пред истекот на мандатот и среде пандемијата на коронавирусот“, кажа Абе и се наклони.

    Засега е нејасно кој ќе го наследи Абе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира