Собранието ноќва ја избра новата Влада на Република Северна Македонија на чело со Зоран Заев, со 62 гласа „за”. 51 пратеник гласаше „против“. Воздржани немаше.
Владата е предводена од Заев, а тој ќе има тројца заменици, министри без ресор, додека Артан Груби ќе биде вицепремиер и министер за политички систем.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си заминаа по гласањето и не присуствуваа на давањето заклетва членовите на новата влада и на потпишувањето на свечените изјави.
Со изборот за министерка за труд и социјална политика, на Јагода Шахпаска ѝ прекинува пратеничкиот мандат, додека на Благоја Бочварски, кој е избран за министер за транспорт и врски, му заврши мандатот како градоначалник на Штип.
Состав на владата:
- Зоран Заев – премиер
- Артан Груби – вицепремиер и министер за политички систем
- Љупчо Николоски – вицепремиер за борба против корупцијата
- Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија
- Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања
- Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
- Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
- Бојан Маричиќ – министер за правда
- Благоја Бочварски – министер за транспорт и врски
- Венко Филипче – министер за здравство
- Мила Царовска -министерка за образование и наука
- Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
- Ирена Стефоска – министерка за култура.
- Аријанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Горан Милевски – министер за локална самоуправа.
- Бујар Османи – министер за надворешни работи
- Фатмир Бесими – министер за финансии
- Крешник Бектеши – министер за економија
- Насер Нуредини – министер за животна средина
- Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација
Пред гласањето, претседателот на Собранието Талат Џафери кажа дека еден пратеник ќе гласа од кабина. Наводно, заразен е од коронавирус.
„Не паничете!”, им кажа Џафери на пратениците пред гласањето.
С. К. ДЕЛЕВСКА