ЖИВА ПЕСОК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:192:"ФабрикатавоКратовоќеиспорачадвапатента.ЕдендагозатворишлицотнаБранко,адругустатанаНикола

    1 Ова се први избори во независна Македонија на кои нема изборна тема. Двете најголеми партии се усогласија. И едните и другите ќе ги зголемуваат платите на административците и ќе им даваат кредити. Значи и понатаму главен критериум за добивање сигурна работа ќе биде партиската книшка. И едните и другите ќе зголемуваат пензии и ќе даваат субвенции за земјоделците. Значи и натаму ќе манипулираат со најранливиот дел од населението. И едните и другите ќе го менуваат името, ама ќе прават референдум. Со тоа ја затворија и најболната тема.
    И откако ги истрескаа сите глупости околу подмитувањето на своето гласачко тело со пари од буџетот кој ние будалите во приватните фирми треба да им го наполниме, останаа без глупости. Па преминаа на гадости.
    Главна изборна тема станаа кафеанските штосови на Бранко. Лидерот на СДСМ се пофали дека немал време да ги задоволува жените на стечајците, па тие ги напуштале. А Никола заборави и на Отчетот и на Манифестот и почна да се занимава со тоа што најдобро му лежи и што му е проверена финта за палење на ВМРОвците. Со Бранко.
    Што ли си мислат жените што се ангажирани во кампањата околу Бранко по онаа изјава за стечаецот грев од рекламите на ВМРО-ДПМНЕ? Што ли си мислат нивните мажи или дечковци кога партнерките им се правдаат дека се зафатени со Бранко во кампањата до доцна во ноќта? Што ли си мисли Радмила Шеќеринска, првата жена кандидат за премиер? Како не се најде зад Бранко на говорницата, па божем случајно да го поттурнеше и да го шутнеше од бината. Да не чека на ветувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека тие ќе му помогнат на СДСМ да се ослободи од Бранко. Туку да помогнеше самите СДСМовци да се ослободат од него.
    Со само еден кафеански штос на маалски митинг, Бранко им ја поништи работата на сите советници што и помагаат на Радмила, на странците што ја бендисуваат како противтежа на Никола, на сите иновации со Интернет кампањата, со мирниот тон што сака да го покаже… И ги разоружа сите охрабрени луѓе што се одважија да се појават јавно на митинзите. Им го загорчи кафето и им се смачи од локумот.
    Како и секогаш, им прдна во лифт на неговите СДСМовци и ги остави. Тој не се бори за функција. Па може да треска што сака. Тешко на тие околу него што се борат.
    Оти тој си е пензионер. А Рада се бори за премиер. Пензионерот го саботира можниот премиер. А таа уште и фина кон него, па има потреба да се извинува дека иако Бранко не се бори за функција, тој ќе бил бајрактарот на победата. Супер.

    2 Мислите дека со последните гадости во изборната кампања е допрено дното? Не. Имаме уште петшест дена до молкот. Допрва ќе одиме уште подолу. Уште ќе се нагледаме и уште не можеме да замислиме што с не ќе слушнеме.
    Еве Груевски како мајстор на популизмот ја продолжи приказната за стечаецот. Па на местото од жената што го оставила му ја пушти Гордана Јанкуловска дома да го теши. Па после заедно излегоа и пред зградата даваа изјави.
    Да резимираме. ВМРО-ДПМНЕ прво ја раскажа тажната приказна на човекот во рекламен материјал за да го нападне Бранко. Потоа Бранко му се потсмеваше на човекот и на неговата тажна приказна. Па на крај, ВМРО-ДПМНЕ ни помогна да го доутврдиме материјалот со тажната приказна.
    Такво брутално мајтапење со човечки судбини за политички цели не сум видел во овие 20 години македонска демократија.
    Кај и да е, ќе поминат и овие избори. Ама како ќе живееме во иднина? Да бевме ние нормален народ, да не им се плашевме и на едните и на другите, да не им паѓавме на лагите дека ќе н вработуваат и на заканите дека ќе н отпуштаат од работа, ние веќе одамна ќе изградевме нормални политичари како сите други што се ослободија од комунизмот во исто време. Саглам политичари не паѓаат од небо. Тие се создаваат дома. Каков народ, такви политичари. И таква држава.
    Така што и во иднина ќе живееме исто. Само наместо во кал, ќе се давиме во жива песок.

    3 Какви ни се политичарите, такви ни се и медиумите. Деновиве го гледаме продолжението на “Војната на ѕвездите” меѓу А1 и Сител. Првиот серијал го изгледавме пред три години кога се судрија империите на Велија и на Ѕинго.
    И сега во вториот серијал нашите колеги отидоа да прават репортажа за пропаѓањето на родниот град на Ѕинго Кратово. А колегите од Сител другиот ден одговорија со репортажа од пропаѓањето на родното село на Велија Дебреште.
    Додуша, овие од Сител отидоа и подалеку. Направија приказна за успешното работење на фабриката за патенти во Кратово. Во таа фабрика се правеле патенти за сите текстилни фабрики во Македонија.
    Како ли не направија патенти со затворачи од двете страни? За да им ги затворат шлицот на Бранко и устата на Никола.
    Богами може еден патент да оди и за устата на газда Ѕинго. Не знам како се чувствувале премиерот и мајка му на митингот во Штип, ама кога чув возрасен човек да изговара: “Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на мајката на Никола Груевски што го родила”, мене ме изеде срам.

    4 Што ти е судбина. Македонија цело време чека некакви фатални датуми. Ни помина времето во чекање.
    До пред две години го чекавме датумот кога ЕУ ќе ни ги укине визите. Сега, откако Европската комисија донесе механизам за брза реакција по прашањето на зголемен број азиланти, чекаме датум кога пак ќе ни ги воведат визите.
    Укинувањето на визите го славевме со концерт на Здравко Чолиќ. Да го букираме уште сега, ако не дај боже треба да прославиме повторно воведување визи. Само овој пат наместо на плоштадот Македонија, Здравко ќе пее во Шутка. А концертот ќе го плати Амди Бајрам. Со поддршка од коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Нешто ќе мора да му вратат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира