МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА МАРИЧИЌ НЕ КАЖУВА ДАЛИ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ЌЕ МУ БИДЕ ШЕФ ИЛИ ОБРАТНО, ВЕЛИ ОТЧЕТ И ДВАЈЦАТА ЌЕ МУ ДАВААТ НА ЗАЕВ

    МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА МАРИЧИЌ НЕ КАЖУВА ДАЛИ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ЌЕ МУ БИДЕ ШЕФ ИЛИ ОБРАТНО, ВЕЛИ ОТЧЕТ И ДВАЈЦАТА ЌЕ МУ ДАВААТ НА ЗАЕВОбвинителството откај што почнува гонењето на секој криминал и кое нема доволно ресурси ставено е во втор план и според изјавата на новиот министер за правда, пари и ресурси ќе добие во 2021 година. - Од примопредавањето на министерската функција на Дескоска на Маричиќ (Фото:К. Попов)

    Новиот министер за правда Бојан Маричиќ отчет за сработеното во клучниот ресор што треба да нè приближи до Европската унија, рече дека ќе дава на премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, кој на кого ќе биде шеф: дали тој на вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, или обратно.

    Шеф на Владата е премиерот. Тоа е така во секоја влада. Се разработува концептот за делување на вицепремиерот за борба против корупција. Тој има повеќе точки, министерот за правда има јасно дефинирани законски надлежности, во чии рамки планирам да работам. Со вицепремиерите Николовски и Димитров ќе соработуваме секако за сите прашања поврзани со европските интеграции и со борбата против корупцијата“, рече Маричиќ.

    Тој е син на виш јавен обвинител, кој почна постапка за заминување в пензија. САКАМДАКАЖАМ.МК го праша министерот дали ги знае состојбите во обвинителството, знае ли дека обвинителите работат без стручни соработници, се „тепаат“ кој да дојде прв до дактилографката, немаат службени возила за да одат на увид.., веќе кога зборува за судски постапки, ЕУ-мониторинг, пристап до снимките од судењата од висок јавен интерес, а сето тоа тргнува од – истраги и обвиненија.

    Во Законот за јавно обвинителство пишавме детално што се планира со него. Придвидени се повеќе средства во Буџетот, па верувам дека ќе обезбедиме повеќе кадар, повеќе стручни соработници. Не можеме да имаме правда без ефикасно обвинителство. Знаеме кога се отвораше СЈО колку е важно да имате ресурси за да имате успешна борба против корупцијата“, рече новиот министер.

    На потпрашање, одговори дека тоа нема да се случи овие месеци, туку со новиот Буџет, од 2021 година.

    Во првите 100 дена од новата Влада, министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека ќе го воспостави концептот на прочистување во судството. Паралелно со тоа што ќе се испитува имотната состојба на судиите и на обвинителите од страна на Антикорупциската комисија и паралелно со испитувањето на нивната стручност и совестност од страна на советите за судии и за обвинители, кои разрешуваат и бираат.

    Маричиќ кажа дека ќе се анализираат предметите онаму каде што имало застој во постапките или други недостатоци, а ќе се земаат плус 5 отсто од предметите, по случаен избор, за проверка.

    Досегашната министерка Рената Дескоска на Маричиќ му кажа дека без медиумите немаше да ги постигне резултатите.

    Вашиот глас во јавноста и заложбата за принципиелни решенијачесто пати ми беше голема помош во преговорите за многу значајни прашања за добивање на најдоброто што може да се постигне“, им се заблагодри таа на новинарите за соработката и за професионалноста.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира