ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ПРИЕМИ ВО БОЛНИЦА ПО КОМПЛИКАЦИЈА ОД КОВИД-19, НАЈМНОГУ ОД НОВОЗАБОЛЕНИТЕ СЕ ОД 30 ДО 39 ГОДИНИ

    ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ПРИЕМИ ВО БОЛНИЦА ПО КОМПЛИКАЦИЈА ОД КОВИД-19, НАЈМНОГУ ОД НОВОЗАБОЛЕНИТЕ СЕ ОД 30 ДО 39 ГОДИНИМинатата недела се хоспитализирани 132 пациенти што е за 85,9% повеќе во споредба со минатата недела. - Болницата 8 Септември (Фото: К.Попов)

    Во периодот од 31 август до 6 септември, од 790 позитивни, најголем број, или 174 се лица на возраст од 30 до 39 години, или 22 проценти од новозаболените, а 172 се лица над 60 години, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје кој го објави Министерството за здравство.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40-49 (134; 17,0%), 50-59 (129; 16,3%) и 20-29 (118; 14,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (22;2,8%) и 10-19 години (40; 5,1%).

    Во овој период тестирани се вкупно 9.734 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, 2,1% помалку во однос на минатата недела.

    Регистрирани се  790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата и зголемување од 18,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (221; 28,0%). Во истиот период, во 17 града, бројот на новодијагностицирани е под 20.

    Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.1% што претставува зголемување од 1.4% во однос на претходната недела.

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (756; 95,7%), регистрирани се 132 (16,7%) хоспитализирани (зголемување од 85,9% во споредба со минатата недела), а кај 219 (29%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број на нови случаи, 237 (31,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

    По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.052 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

    Пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 16 лица биле над 60 години, по 2 на возраст од 50-59 и 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од починатите 15 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 17 починати лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира