БРИТАНСКИ НАУЧНИЦИ РАЗВИЈА АЛАТКА КОЈА ГО ПРОЦЕНУВА РИЗИКОТ ОД СМРТ КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ СО КОВИД-19

    БРИТАНСКИ НАУЧНИЦИ РАЗВИЈА АЛАТКА КОЈА ГО ПРОЦЕНУВА РИЗИКОТ ОД СМРТ КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ СО КОВИД-19Алатката може да им помагне на лекарите да ги сместат пациентите во една од четирите групи на ризик (Фото: Ројтерс)

    Британските научници развија алатка за проценување на ризикот од смрт кај лицата хоспитализирани со ковид-19, за која велат дека може да им помогне на лекарите брзо да решат каква нега е најдобра за секој поединечен пациент.

    Алатката им помага на лекарите да ги сместат пациентите во една од четирите групи на ризик: низок, среден, висок и многу висок ризик од смрт.

    Новиот модел на оценување на ризикот наречен 4Ц користи податоци како возраст, пол, дишење, ниво на кислород во крвта и постоечки состојби и истражувањето покажало дека тој е способен поточно да го процени ризикот од 15 други модели кои биле земени за споредба и е покорисен при носењето одлуки.

    Ова може да им помогне на лекарите да ја изберат оптималната нега за најболните пациенти“, вели Евен Харисон, професор по хирургија на Универзитетот во Единбург, кој беше еден од водачите на истражувањето.

    Моделот дава оценки од 0 до 21 поен и пациентите со повеќе од 15 поени имаат ризик на смртност од 62%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира