ЗА ДА НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО СЕДЕЊЕТО ДОМА ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ ЌЕ МОРА ДА ДОНЕСАТ ПОТВРДА ОД СПЕЦИЈАЛИСТ ДО 23 СЕПТЕМВРИ, СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ЗА ДА НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО СЕДЕЊЕТО ДОМА ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ ЌЕ МОРА ДА ДОНЕСАТ ПОТВРДА ОД СПЕЦИЈАЛИСТ ДО 23 СЕПТЕМВРИ, СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОМинистерството ќе пушти дополнителнитеемини преку системот „Мој термин“ и е-амбуланта. Откако лекарите што не беа врзани со лекување ковид-19 се вратија на редовна работа, се вратија и редиците за прегледи - (аматерска фотографија снимена утрово пред амбулантите на Хируршките клиники во Скопје)

    Хронично болните имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа за да се избегнат злоупотреби на системот и да не седат дома и тие што можат да одат на работа. Министерството за здравство соопшти дека за да се реализира оваа одлука ќе бидат пуштени дополнителни термини на „Мој термин“ и е-амбуланта. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.

    Ова е заклучокот од утринската средба на министерот за здравство  Венко Филипче со претставниците на здруженијата на пациенти. На средбата, соопшти Министерството, тие ги изнесоа своите предлози за доследно спроведување на одлуката на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а притоа да не се прават злоупотреби на системот.

    „Станува збор за широка категорија и идејата е да ја сведеме на поткатегории со цел да не се злоупотребува системот и да биде фер за сите, односно оние кои треба да се дома и кои се навистина во ризик, да останат дома. Реален проблем е тоа што бевме сведоци на злоупотреби. Иницијално идејата беше да се спреми системот, да се направат промени во правилникот, да им се дозволи на пациентите да може да направат преглед согласно оваа нова стратегија, за тој што треба навистина да седи дома, заради комплексноста на одредена хронична болест, или заради тоа што во даден момент има влошување на состојбата. Меѓутоа тоа да го утврди лекар специјалист, а не согласно претходно поставена дијагноза за хронична болест. Пациентот може да извади соодветна потврда или уверение од специјалист и на тој начин да биде ослободен од работа“, вели Филипче.

    Министерот Филипче вели дека нема простор за паника, ниту за незадоволство и дека мерката е  димензионирана така да го заштити здравјето на оваа критична ризична категорија на граѓани.

    Најпрво со измена на правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување ќе се дозволи лекарот специјалист да даде потврда и за отсуство од работа на неопределено време или за одредено време, многу подолго, отколку што досега беше дозволено, без притоа да има контролни прегледи, праќање на комисии, дополнителни испитувања.

    „Значи, со цел да се олесни комуникацијата, пристапот на пациентите, оваа одлука за враќање на работа на сите останати хронично болни, коишто нема потреба да ја вадат оваа потврда ќе биде од 23 септември, значи останува доволно време во следниот период, а ќе има и доволни термини за закажување прегледи преку системот ‘Мој термин’ и дополнителни термини за е-амбуланта“, кажа Филипче.

    Б. НЕСТОРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира