ИЗРЕЧЕНИ НАД 5.000 КАЗНИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО ТЕТОВСКО И ГОСТИВАРСКО

    ИЗРЕЧЕНИ НАД 5.000 КАЗНИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО ТЕТОВСКО И ГОСТИВАРСКОСВР Тетово значително ги засили контролите во патничките комбиња и автобуси (Фото: СДК.МК)

    Сопствениците на возилата за јавен превоз и патниците забораваат дека и за нив важи владината уредба за задолжително носење маска. СВР Тетово неделава значително ги засили контролите во патничките комбиња и автобуси кои сообраќаат во Тетовскиот и Гостиварскиот регион.

    „Од стапувањето во сила на оваа уредба, изготвени се 5.276 поднесоци за некористење заштита за лицето, најмногу во возила, од кои 3.676 на тетовското и 1.600 на поширокото гостиварско подрачје. Секторот за внатрешни работи Тетово им укажува на возачите и на другиот работен персонал во комбињата и автобусите стриктно да се придржуваат до уредбата и да не превезуваат лица без заштитни маски и повеќе од максимално дозволениот број на патници. Во спротивно, возилата ќе бидат исклучувани од сообраќај и ќе им се изготват поднесоци, не само на физички, туку и на правни лица“, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Ваквите контролни акции во наредниот период ќе бидат уште почести, додаваат од СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира