Во последните 24 часа по компликации од ковид-19 починаа 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62), еден од Дебар (54), пациентка од Штип (53), пациентка од Прилеп (66), пациент од Кочани (66) и еден пациент од Свети Николе (23), соопшти Министерството за здравство. Со денешната статистика, вкупно починати од ковид-19 во земјава се 700 за шест месеци од почетокот на коронакризата.
Момчето од Свети Николе починало на Инфективната клиника во Скопје, но пред тоа се лекувало на Инфективното одделение од Велешката болница. Поради компликациите, минатата среда бил итно пренесен во Скопје. Од Инфективната клиника во Скопје велат дека пациентот имал коморбидитети, односно висок крвен притисок, епилепсија и прекумерна телесна тежина.
Во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-10, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-5, Гостивар-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-9, Пробиштип-1, Берово-5, Делчево-1, Кичево-2.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 16.780, оздравеа 13.949, а активни се 2.131. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.585, активни 584
• Куманово 1.698, активни 207
• Дебар 276, активни 36
• Штип 1.232, активни 63
• Прилеп 618, активни 131
• Тетово 1.381, активни 173
• Струга 647, активни 62
• Велес 309, активни 36
• Битола 272, активни 65
• Охрид 405, активни 47
• Кавадарци 215, активни 33
• Гостивар 907, активни 110
• Гевгелија 107, активни 60 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 175, активни 106
• Крива Паланка 96, активни 31
• Радовиш 71, активни 23
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 264, активни 104
• Пробиштип 104, активни 22
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 91, активни 12
• Пехчево 42, активни 11
• Берово 84, активни 26
• Валандово 17, активни 8
• Виница 98, активни 24
• Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 4
• Свети Николе 316, активни 19
• Кичево 311, активни 38
• Ресен 160, активни 13
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 552 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со ПЦР метода -128, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-17, Синлаб-69, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 63
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 70
• Центар – 78
• Кисела Вода – 52
• Ѓорче Петров – 38
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 11
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 15
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 6
• Зелениково – 2
• Странец – 6
• Нераспределен-2