ОЛЕСНУВАЊЕТО НА КОРОНАМЕРКИТЕ БЕШЕ ГРЕШКА, НО И МЕНЕ МЕ ПОНЕСЕ ЛЕТОТО, ПРИЗНА ЧЕШКИОТ ПРЕМИЕР БАБИШ

    ОЛЕСНУВАЊЕТО НА КОРОНАМЕРКИТЕ БЕШЕ ГРЕШКА, НО И МЕНЕ МЕ ПОНЕСЕ ЛЕТОТО, ПРИЗНА ЧЕШКИОТ ПРЕМИЕР БАБИШБабиш кажа дека земјата повторно се наоѓа во тешка ситуација со доаѓањето на есента (Фото: Ројтерс)

    Чешкиот премиер Андреј Бабиш призна дека олеснувањето на коронамерките преку летото било грешка и додаде дека епидемијата се враќа.

    Тој ѝ се обрати на нацијата во моментите кога Чешка го има вториот најбрз пораст на бројот на нови случаи на коронавирус во рамките на Европска Унија. Вкупната бројка заразени вчера надмина 50.000, откако на крајот на август изнесуваше 24.618.

    Владата направи грешка кога ги олесни рестриктивните мерки преку летото, но дури и јас бев понесен од летото и општото расположение. Тоа беше грешка и не смееме да ја повториме“, кажа Бабиш.

    Тој ја прифати оставката на министерот за здравство Адам Војтех, кој се повлече вчера откако беше критикуван за начинот на справување со епидемијата.

    По убавото лето, повторно се наоѓаме во тешка ситуација. За жал, епидемијата се враќа. Јасно е дека голем број луѓе нема да ги сакаат новите мерки, но мора да ги следиме. Не сакам повторно да видам целосно затворање на земјата како она во март кога беше запрена целата економија, па затоа мијте раце, носете маска и држете растојание“, изјави Бабиш.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира