ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР, НО ФАКТ Е ДЕКА БУГАРИТЕ ГО СМЕТААТ ЗА БУГАРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР, КАЖА ЗАЕВ

    ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР, НО ФАКТ Е ДЕКА БУГАРИТЕ ГО СМЕТААТ ЗА БУГАРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР, КАЖА ЗАЕВПремиерот Зоран Заев вели дека низ историските личности треба да гледаме основ за градење уште подобри врски меѓу македонскиот и бугарскиот народ. (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека Гоце Делчев е македонски револуционер, одговарајќи на новинарско прашање за негов став дали Делчев е Бугарин или Македонец, на утринската прес-конференција во Владата со евроамбасадорот Дејвид Гир. Сепак, кажа Заев, факт е дека и Бугарите го сметаат Делчев за свој револуционер.

    „Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат за бугарски револуционер. Факт е дека го имаме ние Делчево, град кој го носи неговото име, има и Бугарија Гоце Делчев град. Имаме споменици насекаде низ Северна Македонија и Бугарија. Заедно со премиерот Бојко Борисов се поклонивме во Софија на споменикот на Гоце Делчев, но и на гробот на Гоце Делчев овде во Скопје. Реалноста и фактите се тие“, изјави Заев.

    Тој вели дека низ историските личности треба да гледаме основ за градење уште подобри врски меѓу македонскиот и бугарскиот народ и ако ги избегнуваме историските моменти и ги ставаме под тепих, тоа не е добро за европската иднина целиот овој регион на југоисточна Европа

    „Затоа и имаме Договор за добрососедство или Преспански договор за да можеме да ги решиме во иднина овие прашања кои ќе нè обединат, изјави Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира