РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ВЕТУВААТ ДЕКА ЌЕ ИМА МИРЕН ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА ОТКАКО ТРАМП ОДБИ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ ЗА ТОА

    РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ВЕТУВААТ ДЕКА ЌЕ ИМА МИРЕН ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА ОТКАКО ТРАМП ОДБИ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ ЗА ТОАТрамп постојано изразува сомнежи во гласањето по пошта, сметајќи дека така лесно се лажираат избори (Фото: АП)

    Лидерот на Републиканците во Сенатот, Мич Меконел, вети законско предавање на власта, ден откако Доналд Трамп го доведе во прашање овој процес.

    „Без разлика кој ќе победи на претседателските избори на 3 ноември, ќе има мирна инаугурација на 20 јануари“, кажа Меконел.

    Ова следува откако Трамп одби да даде гаранции дека мирно ќе си замине од Белата куќа ако изгуби на изборите, велејќи „ќе видиме што ќе се случи“. Тој постојано изразува сомнежи во гласањето по пошта, за кое изборните власти тврдат дека е безбедно.

    „Сакаме да бидеме сигурни дека изборите ќе бидат чесни, но не сум сигурни дека ќе бидат“, кажа Трамп, кој моментално заостанува зад Џо Бајден во предизборните анкети.

    Сите поразени претседателски кандидати во САД досега го имаат признато изборниот пораз. Доколку Трамп одбие да ги прифати резултатите, тоа ќе биде преседан. Бајден сугерираше дека ако се случи тоа, војската би можела да го отстрани Трамп од Белата куќа.

    „Претседателот кажува луди работи. Секогаш сме имале мирен трансфер на власта и тоа нема да се промени сега“, изјави сенаторот од Небраска, Бен Саси.

    И сенаторот од Јужна Дакота Џон Тјун вели дека Републиканците ќе обезбедат мирно предавање на власта ако има потреба.

    „Републиканците веруваат во владеењето на правото и во уставот и тоа е она што диктира што ќе се случува“, кажа Тјун.

    Трамп досега неколку пати даваше изјави во насока на поткопување на изборниот процес, па бараше од своите приврзаници да ги набљудуваат гласачките места и ако можат, да гласаат двапати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира