СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА СЕ ВКЛУЧИ ВО 20. ЕВРОПСКА ФУДБАЛСКА НЕДЕЛА И СО НАСТАН ВО ЖИВО И ОНЛАЈН

    СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА СЕ ВКЛУЧИ ВО 20. ЕВРОПСКА ФУДБАЛСКА НЕДЕЛА И СО НАСТАН ВО ЖИВО И ОНЛАЈННад 100 спортисти, тренери и волонтери зедоа учество во настанот на игралиштето на ФК Работнички (Фото: Специјална Олимпијада Македонија)

    Европска фудбалска недела на Специјална олимпијада Македонија го одбележа своето 20. издание на теренот на ФК Работнички во Скопје со присуство на повеќе од 70 спортисти и 50 тренери, волонтери и членови на семејствата од Скопје и Тетово. Таа годинава се одржа во рамките на Европската недела на спортот.

    Европска фудбалска недела е иницијатива на Специјална олимпијада, која традиционално се одржува во мај, но оваа година, како последица на пандемијата, беше поместена во септември. Специјална олимпијада Македонија се придружи на Европската фудбалска недела и со физичко присуство и онлајн.

    „Изолацијата која ја искусивме за време на карантинските денови е секојдневие за лицата со интелектуална попреченост. Рестрикциите придонесоа да се засили чувството на маргинализација кај овие лица. Имајќи го предвид значењето на средбите во живо за лицата со интелектуална попреченост, одлучивме Европската фудбалска недела првенствено да биде настан во живо, а потоа искуството да го префрлиме на дигиталната платформа“, изјави Драган Караџовски, национален директор на Специјална олимпијада Македонија.

    Реализацијата на активностите на Специјална олимпијада Македонија е поддржана од Цивика мобилитас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира