ЕРМЕНИЈА ПРОГЛАСИ ВОЕНА СОСТОЈБА ПО ПОСЛЕДНИТЕ СУДИРИ СО АЗЕРБЕЈЏАН ВО РЕГИОНОТ НАГОРНО-КАРАБАХ

    ЕРМЕНИЈА ПРОГЛАСИ ВОЕНА СОСТОЈБА ПО ПОСЛЕДНИТЕ СУДИРИ СО АЗЕРБЕЈЏАН ВО РЕГИОНОТ НАГОРНО-КАРАБАХВо денешните гранатирања загинале и неколку цивили (Фото: АФП)

    Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација по денешните судири со силите на Азербејџан во спорниот регион Нагорно-Карабах.

    Ерменскиот премиер Никол Пашинијан кажа дека Азербејџан утрово лансирал воздушен и артилериски напад, додека оттаму кажаа дека возвратиле на гранатирањето што се случило по целата линија на фронтот. Двете страни пријавија цивилни жртви, а во борбите е соборен најмалку еден азербејџански воен хеликоптер.

    Провокациите во спорниот регион траат со месеци. Русија, Турција и Франција се меѓу земјите кои повикаа на моментален прекин на огнот.

    Ерменското министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан утрово нападнал цивилни населби, вклучувајќи го главниот град на регионот, Степанакерт. Оттаму додаваат дека уништиле два непријателски хеликоптера, три дрона и три тенка.

    Истовремено, Азербејџан најави контраодбранбени дејства со цел да се сопрат борбените активности на ерменските сили. Во бомбардирањето на селата загинале неколку цивили, соопшти министерството за одбрана и потврди дека само еден хеликоптер бил урнат.

    „Ерменија води политика на нови војни за нови територии. Таа постојано го провоцира Азербејџан и ќе го извлече подебелиот крај од ова“, кажа претседателот Илхам Алиев.

    Нагорно-Карабах меѓународно е признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на етничките Ерменци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира