Денес во Велес и Велешко има четворица новозаразени со ковид-19 и исто толку оздравени, а активни случаи се 34, соопшти Министерството за здравство.
„Сите нови четири случаи се членови на едно семејство, странски државјани кои претходно живееле во Велес, се враќале дома во странство. Се тестирале за да можат да ја напуштат Македонија, но резултатите покажале дека се позитивни. Тие немаат симптоми и засега остануваат на домашно лекување. Има и четири оздравени, двајца мажи и две жени, сите од домашно лекување“, соопшти Центарот за јавно здравје Велес.
Во Велешко досега има 323 ковид позитивни, од нив 274 се оздравени, а 15 починати. Од активните, 23 се на домашно лекување, 10 се на Инфективно одделение во Велешката болница и еден е во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
„На Инфективното одделение има 21 пациент, 20 се потврдено позитивни и еден е нов, сомнителен случај“, – кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпаролка на Општа болница Велес.
П. ПЕЧКОВ