ТРАМП Е НАЈГОЛЕМИОТ ИЗВОР НА ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ, ПОКАЖА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ТРАМП Е НАЈГОЛЕМИОТ ИЗВОР НА ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ, ПОКАЖА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕЕдна од најчестите дезинформации што ги шири Трамп е за магичните лекови против ковид-19 (Фото: АП)

    Дезинформациите за коронавирусот претставуваат голема опасност за јавното здравје и истражувањето што го спроведе Универзитетот Корнел покажало дека Доналд Трамп е нивниот најголем поединечен двигател на светот. Корнел анализирал 38 милиони текстови за пандемијата објавени во медиумите на англиски јазик низ светот и Трамп се споменува во 37,9% од вкупните конверзации кои вклучуваат дезинформации. Ова истражување, кое опфатило медиумски содржини од 1 јануари до 26 мај, беше објавено непосредно пред денеска да се дознае дека и Доналд и Меланија Трамп се позитивни на коронавирус.

    „Најголемото изненадување беше дека претседателот на САД е најголемиот поединечен двигател на дезинформациите за ковид-19. Тоа е загрижувачки, зашто може да има сериозни последици во реалниот живот“, изјави Сара Еванега, главниот водач на истражувањето.

    Тие утврдиле дека само 16,4% од дезинформациите биле проследени со проверување на фактите, што сугерира дека мнозинството лажни информации биле пренесени без да се доведат во прашање или да се исправат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира