Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд повторно е одложена. „Не е време за умирање“, во режија на Американецот Кери Фукунага, во кој Даниел Крег по петти и последен пат ќе го игра британскиот таен агент 007, поради коронакризата веќе беше преместен од април за 11 ноември.
Според продуцијата, новиот датум за премиера е 2 април 2021, „со цел да биде виден од што е можно поширока филмска публика“.
„Знаеме дека одложувањето ќе ги разочара нашите обожаватели, но се радуваме дека ќе може да го споделиме ‘Не е време за умирање’ со вас следната година“, велат продуцентите.
Претходниот Бонд филм, „Спектра“, заработи речиси 900 милиони долари низ светот.