ДОКТОР НА ШТИПСКА НЕВРОХИРУРГИЈА И БОЛНИЧАРКА НА ИНФЕКТИВНО ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС, ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗА И МЕЃУ ЗАТВОРЕНИЦИ

    ДОКТОР НА ШТИПСКА НЕВРОХИРУРГИЈА И БОЛНИЧАРКА НА ИНФЕКТИВНО ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС, ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗА И МЕЃУ ЗАТВОРЕНИЦИИнфективното одделение при Клиничката болница во Штип повторно се приближува кон максималниот капацитет од 55 хоспитализирани (Фото: СДК.МК)

    Доктор од Одделението за неврохирургија и болничарка од Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип се позитивни на ковид-19. Информациите ги потврди и раководството на Клиниката. Лицата кои биле во контакт со заразените се во изолација. Инфективното одделение повторно се приближува кон максималниот капацитет од 55 хоспитализирани.

    Докторите од Инфективно кои беа позитивни минатата недела полека закрепнуваат и се на домашно лекување.

    Во Штипскиот затвор е забележан е прв случај на коронавирус, затвореник кој бил на викенд отсуство. Десет затвореници и вработени во затворот сега се во самоизолација.

    Бројот на новозаразените во Штип повторно е двоцифрен и поголем дел од нив се на возраст од 25 до 40 години.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира