ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

    ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦАВо Велешката болница денес се отворија 4 слободни места за лежечки пациенти откако се испишани 4 оздравени. (Фото: СДК.МК)

    Еден пациент позитивен на ковид-19 почина на Инфективното одделение од Велешката болница, а почина и еден сомнителен случај, соопшти болницата.

    „Почина пациентка на 81-годишна возраст од Свети Николе, кој е била примена на Инфективно одделение пред четири дена. Донесен е и пациент на 55-годишна возраст, без знаци на живот, без дишење и срцева реакција. Податокот од матичен доктор е дека е сомнителен на ковид-19, имал покачена температура последните денови и живеел сам со неговата мајка“, рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпаролка на Општа болница Велес.

    На ова Одделение има хоспитализирано 26 пациенти, четири помалку од вчера, кога министерот за здравство Венко Филипче кажа дека болницата во Велес е полна, но денес четворица пациенти се испишани по два негативни тестови. Од лежечките пациенти 23 се потврдено позитивни, а освен од Велес има и од Свети Николе, Кавадарци и Неготино. Денес во Велес, Министерството за здравство регистрира пет нови позитивни на ковид-19, од кои  тројца се заразени од членови на семејство, еден е вработен во Скопје, а еден во фабрика во Кавадарци. Има и пет оздравени, сите од домашно лекување.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира