ЛИДЕРИТЕ НА ЗЛАТНА ЗОРА ДОБИЈА ПО 13 ГОДИНИ ЗАТВОР

    ЛИДЕРИТЕ НА ЗЛАТНА ЗОРА ДОБИЈА ПО 13 ГОДИНИ ЗАТВОРСудскиот спор против десетици членови на партијата траеше пет години (Фото: Екатимерини)

    Лидерите на грчката неонацистичка партија Златна зора добија по 13 години затвор, со што судот им изрече речиси максимална казна за кривичното дело водење на криминална организација. Ваква казна добија основачот и претседател на партијата Никос Михалолијакос и седуммина негови соработници.

    Со ова е ставен крај на петгодишниот судски процес, на кој им се судеше на 68 лица. Единаесетмина други поранешни пратеници од редовите на Златна зора добија затворски казни меѓу пет и седум години за членство во криминална организација, додека приврзаникот на партијата Јоргос Рупакијас е осуден на доживотен затвор за убиството на раперот Павлос Фисас во 2013 година.

    Убиството се случи една година откако Златна зора освои 18 пратенички места на парламентарните избори кои се одржаа среде големата финансиска криза во Грција и беше директен повод да се покрене истрага против партијата. Таа на 7 октомври беше прогласена за криминална организација.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира