ВЕЛЕШАНЕЦ ПОЧИНАЛ НА КАРИЛ ОД ВНАТРЕШНО КРВАРЕЊЕ, НО ИМАЛ И КОВИД-19, МЕЃУ ДЕНЕШНИТЕ СЛУЧАИ ВО ВЕЛЕС ПОЗИТИВНО И ОСУМГОДИШНО ДЕТЕ, 15 ДЕЦА И НАСТАВНИЧКАТА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

    ВЕЛЕШАНЕЦ ПОЧИНАЛ НА КАРИЛ ОД ВНАТРЕШНО КРВАРЕЊЕ, НО ИМАЛ И КОВИД-19, МЕЃУ ДЕНЕШНИТЕ СЛУЧАИ ВО ВЕЛЕС ПОЗИТИВНО И ОСУМГОДИШНО ДЕТЕ, 15 ДЕЦА И НАСТАВНИЧКАТА ВО САМОИЗОЛАЦИЈАВелешанецот бил донесен на скопските клиники како итен случај, а тестот по приемот покажал дека е позиитвен на ковид-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во изминатите 24 часа, 65-годишен велешанец почина на КАРИЛ во Скопје по компликации од ковид-19. Тој вчера попладне бил донесен во Велешката болница како  итен случај. Му било констатирано внатрешно крварење, а според протоколите бил и тестиран на ковид-19. Резултатот подоцна покажал дека е позитивен.

    Тој е седумнаесетти велешанец, починат по компликации од ковид-19. Меѓу денешните случаи, до 12 часот има седум новорегистрирани во Велес, меѓу кои и осумгодишно дете, ученик во трето одделение во Основното училиште „Блаже Конески“. Според Центарот за јавно здравје, детето се заразило од член на поширокото семејството, не од родителите и неколку дена не доаѓало на училиште. Поради овој случај целото одделение од 15 деца заедно со наставничката се во самоизолација.

    „Извршена е дезинфекција на училницата, просторот каде се движело детето. Да нема забуни, децата од одделението кое брои 32, се поделени на две паралелки од по 16 според протоколите, токму заради превенција од вакви случаи“, вели Јованче Манасков, директор на училиштето.

    До пладне во велешко имаше 70 активни случаи на лица позитивни со ковид-19.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира