ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ЌЕ ГО ПОМИЛУВА ОСУДЕНИОТ УБИЕЦ КОЈ ГО ЗАПРЕ ЛАНСКИОТ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ЛОНДОНСКИОТ МОСТ

    ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ЌЕ ГО ПОМИЛУВА ОСУДЕНИОТ УБИЕЦ КОЈ ГО ЗАПРЕ ЛАНСКИОТ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ЛОНДОНСКИОТ МОСТСтивен Галант (лево) со Џек Мерит, една од двете жртви на нападот што се случи во ноември 2019 (Фото: ПА)

    Осудениот убиец кој помогна да се запре терористичкиот напад на Лондонскиот мост во ноември 2019 би можел да излезе од затвор десет месеци пред целосното отслужување на казната, по интервенција на кралицата Елизабета Втора.

    На Стивен Галант му е одобрено кралско помилување, што е исклучително редок случај кога станува збор за осудени убијци. Конечната одлука ќе ја донесе комисијата за помилувања.

    Галант (42) бил осуден на 17 години затвор во 2005 за убиството на поранешниот пожарникар Бери Џексон во Хул. Тој требало да присуствува на настан за рехабилитација на затвореници кога му се спротивставил на Усман Кан со китовска бивна, откако тој почнал да боде луѓе на мостот. Кан притоа уби две лица, вклучувајќи го Џек Мерит, кој со Галант работел на рехабилитацискиот курс.

    И 21-годишниот син на Џексон изјави дека се согласува со предвременото пуштање на Галант од затвор.

    „Имам измешани чувства, но она што се случи на Лондонски мост покажува дека луѓето можат да се променат“, изјави Џек Џексон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира