СКОПЈЕ И КИЕВ ВО ДЕКЕМВРИ ЗА ПРВПАТ ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ДИРЕКТЕН АВИОНСКИ ЛЕТ

    СКОПЈЕ И КИЕВ ВО ДЕКЕМВРИ ЗА ПРВПАТ ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ДИРЕКТЕН АВИОНСКИ ЛЕТЛетовите кон Скопје ќе почнат на 6 декември (Фото: Виндроуз)

    Украинската авиокомпанија „Виндроуз“ ќе воведе директни авионски линии од Киев до Скопје и Белград, откако претходно ги откажа плановите за поврзување со Љубљана поради коронамерките што моментално се на сила во Словенија.

    Летовите кон Скопје ќе почнат на 6 декември и ќе бидат на распоредот двапати неделно, во четврток и недела.

    „Виндроуз“ ќе овозможи Скопје и Киев за првпат да се поврзат со директна авионска линија. Летовите кон Белград и Скопје ќе се одвиваат со авиони од типот „АТР72-600“ и „ембраер Е145“, кои можат да примат 78, односно 49 патници. Компанијата веќе ги пушти во продажба картите за летот до Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира