Светската здравствена организација објави дека Европа се ближи кон еден милион нови случаи на коронавирус неделно, откако за период од седум дена била регистрирана бројка од 927.000 новозаразени.
Континентот бележи пораст на бројот на новозаразени од 25% и на него отпаѓаат 38% од глобалната седумдневна бројка на нови случаи на коронавирус. Русија, Чешка и Италија се одговорни за повеќе од половина од новите случаи во Европа.
„И бројот на смртни случаи од ковид-19 продолжува да расте и се зголемил за една третина во споредба со претходната недела“, соопшти СЗО.
Словенија е меѓу земјите со најалармантната ситуација, откако бројот на нови случаи на коронавирус пораснал за 150% за една недела. Само денеска се потврдени 1.503 нови случаи.