Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ ја напушта пратеничката функција, објави тој на својот фејсбук профил. Од седиштето на партијата нема коментар на објавата на пратеникот. Тој беше носител на пратеничката листа на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Петтата изборна единица. Дурловски е независен пратеник кој се приклони и членува во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кон кој се води иако не е член на партијата.
„Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот“, напиша Дурловски во четвртокот навечер на својот фејсбук профил. Тој вели дека „тоа што го зборувал не можел да го направи“ и затоа „сега нема да зборувам, а ќе продолжам да го правам“.
Игор Дурловски беше еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“ по чии неколкумесечни протести во 2017 дојде до организираниот напад на Собранието на 27 април. Тој доби ослободителна пресуда за насилствата за време на организираниот напад на Собранието. Другите водачи на „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски-Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски побараа амнестија и не им се судеше.