ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ВО СКОПЈЕ, МАЈМУНЧЕТО ЛУКА СЕ ВРАТИ ВО БИТОЛА ВО НОВО ЖИВЕАЛИШТЕ

    ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ВО СКОПЈЕ, МАЈМУНЧЕТО ЛУКА СЕ ВРАТИ ВО БИТОЛА ВО НОВО ЖИВЕАЛИШТЕНовото живеалиште на Лука е санирано за околу еден милион денари. (Фото: СДК.МК)

    Мајмунчето Лука, кое осум месеци мина во Зоолошката градина во Скопје, се врати во Зоолошката во Битола откако комплетно се реновираше неговото живеалиште. Во Скопје беше однесено зашто кафезот во Битола беше стар и ги немаше потребните услови.

    Лука ѝ е познат на јавноста по тоашто кога се роди мајката го отфрли, па вработените од Скопската зоолошка се грижеа за него. Потоа, беше подарено во Битола. Но, пред осум месеци на социјалните мрежи се крена голема прашина околу старото живеалиште на Лука, па мајмунчето назад си го побара и врати ЗОО градината од Скопје. Тогаш одредени здруженија побараа затворање на Зоолошката во Битола.

    „По само шест месеци од едно старо живеалиште кое го карактеризираа како да не наликува на живеалиште за денешни услови, старо 70 години, го претвориме во ново живеалиште со сите потребни услови, од парно, проширени внатрешен и надворешен дел , комплетна санација која нѐ чинеше околу еден милион денари за градежниот дел, од кои 500.000 денари беа обезбедени од Општина Битола, остатокот од Битолската зоолошка, а железната конструкција беше од ФОД“, рече Марјан Наловски, директор на Зоолошката градина во Битола.

    Лука ѝ е познат на јавноста по тоашто кога се роди мајката го отфрли, па вработените од Скопската зоолошка се грижеа за него. Потоа, беше подарено во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Директорот рече дека мајмунчето кое е од сортата павијани добро се прилагоди во новото живеалиште. Покрај Лука, од Зоолошката градина во Скопје добија и три мајмунчиња патаси, женски ној и змија боа.

    Советничката Тања Крнчева денес изјави дека Зоолошката во Битола не само што нема да се затвори и да се дислоцираат животните, туку ќе се претвори во едно од најубавите катчиња на Тумбе кафе. За в година најави дека ќе ги започнат пристапните преговори со ЕАЗА-Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми.

    „Дури и во услови на правно нерешен статус зашто Зоолошката е под капата на Министерството за култура и се’ уште го бара своето место институционално, овој мал, но вреден колектив со натчовечки напори се обидува да даде достојна грижа за жителите. Тоа не е секогаш сјајно и за жал, не е доволно зашто верувале или не, имаме ситуација во која делови од оваа Зоолошка не се санирани 70 години. За тоа да се направи сѐ потребни крупни и сериозни инвестици. Но, локалната самоуправа безрезервно дава поддршка, финансиски и логистички, и ќе продолжи”, рече Крнчева.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира