СЕ МОБИЛИЗИРА ЦЕЛ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЗА ДА ПОМАГА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА

    СЕ МОБИЛИЗИРА ЦЕЛ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЗА ДА ПОМАГА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКАСите директори на болниците во земјава терба да направат дополнителна реорганизација на просторот во Интерните одделенија заради обезбедување дополнителни капациети во тие одделенија како и оптимизација на медицинскиот кадар од клиниките во Скопје кој ќе помага на Инфективна. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ќе се прави реорганизација на Интерните одделенија во болниците во земјава и ќе се активира медицинскиот кадар од скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, како дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од ковид-19. Ова се заклучоците по денешните состаноци на министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицински сестри од Клиниките во Скопје.

    Како што вели Министерството за здравство, на состаноците е договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот во Интерните одделенија заради обезбедување дополнителни капацитети во тие одделенија како и оптимизација на медицинскиот кадар од клиниките во Скопје кој ќе помага на Инфективна.

    „Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во Инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период“, рече министерот Филипче и додаде дека се очекува да пристигнат и брзите тестови за помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 25.473, оздравеа 18.047, починаа 874, а активни се 6.552. Вчера и завчера имаше рекордни 640 односно 641 новозаразени и по 12 починати.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира