БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР БОРИСОВ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ОТИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ИМА КОРОНАВИРУС

    БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР БОРИСОВ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ОТИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ИМА КОРОНАВИРУСБорисов објави дека пред 5 дена бил последен пат во контакт со Нанков и дека во самоизолација ќе чека насоки од здравствените власти; - Од посетата на Борисов во Скопје пред 2 години. (Фото: СДК.МК)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација откако заменик-министерот за регионален развој во неговата влада Николај Нанков попладнево објави дека е позитивен на коронавирус.

    „Имам негативен ПЦР тест од утрово. Тестот беше направен пред мојата средба со делегацијата на САД. Пред меѓународните средби и патувања, според барањата на релевантни безбедносни длеегации, се тестирам. Во 16 часот денеска бев информиран од заменик-министерот Нанков дека е позитивен на ковид-19. Очекувам насоки од здравствените власти, а дотогаш ќе бидам во самоизолација. Со него последен пат бев во контакт пред 5 дена“, објави попладнево Борисов на својот официјален фејсбук профил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира